Неделниот ручек заврши, а вие полека се доближувате до своите работни бироа и ги пополнувате планерите за следната недела и секако за првиот ден од работата недела.
Но планирањето во недела е голема грешка. Доколку сакате да постигнувате успех на неделно рамниште она што е потребно да го направите пред планирањата е пресек, анализа и ретроспектива. Затоа наместо планерите, во недела правете ги анализите.
- Водете дневник
Водењето на дневник ќе ви помогне да се навратите на неделата и активностите зад вас. Од дневникот ќе може да ги споредите плановите и релаизацијата во претходната недела.
Многу е важно да знаете што не сте исполнине и каде сте забележале послаби резултати во сработеното. На тој начин ќе можете да ги освестите своите недостатоци и да работите на нивно претворање во јаки страни!
- Размислувајте за причините за неуспех
Фокусирајте се на тоа што не сте го сработиле како што треба и размислувајте која е евентуалната причина за послабите резултати.
Доколку успеете да ја пронајдете причината многу е веројатно и дека ќе ја отстраните, па така неуспехот нема да ви се случува често.
- Наградете се самите за добро направените работи
Сепак идејата не е да се осврнувате само на неуспесите, важно е да ги погледнете и успесите.
За секој успех што сте го издејствувале наградете се самите себе – со патување, купка, масажа, прошетка, дружење, вечера во ресторан, шопинг, нова книга, или што и да ве прави среќни.
Наградите што си ги приуштувате себе си се стимул да ја задржите желбата за успеси!