Мокра Гора е избрана меѓу повеќе од 170 апликанти од 75 земји во светот, што е јасна демонстрација на нејзините исклучителни вредности, пренесува Б92.
Ова светскo признание ќе придонесе туризмот да стане двигател на руралниот развој и просперитет, преку унапредување на улогата на туризмот во вреднувањето и зачувувањето на руралната заедница на Мокра Гора заедно со зачувувањето на природните, културните вредности и различноста.
Изборот за најдобро туристичко село во светот е врвен успех на селата Мокра Гора, ТО Ужице, градот Ужице и Република Србија.
Во конкуренција за најдобро село беа уште две српски села кај Мокра Гора, и тоа Тршиќ и Гостиље.
Мокра Гора се наоѓа на одалеченост од 6 часа од центарот на град Скопје. При премин на границата потребен ви е документ за идентификација – пасош или лична карта, како и негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или вакцинален сертификат.
Ова е наша препорака до вас каде да го поминете викенд одморот или зимскиот одмор!