Доколку сакате да го зајакнете телото и имунитетот, особено во текот на зимата, можеби купувате неколку мултивитамини.

Но, лекарката Ешли Џордан Фереира предупредува за нешто што е напишано на етикетата и што може да ве доведе во заблуда.

Таа го подвлече и она што вообичаено им недостига, поради што го немаат целосниот ефект што може да го „ветат“ произведувачите.

Понекогаш ќе видите дека мултивитамините се препорачуваат специјално за жени или мажи. Ваквото име се надополнува со слика на убава манекенка, или човек кој пука од здравје, а мускулите му се во полн тонус…

Но докторката вели дека оваа разлика е чист маркетинг и веројатно внатре нема се што ви треба.

Ако ги споредите овие два мултивитамини, нивната листа на состојки е веројатно идентична, започна д-р Ешли Џордан Фереира.

Потребите за хранливи материи за мажите и жените се речиси исти, рече таа.

На моите машки клиенти обично им препорачувам да земаат витамини кои ги нарекуваат специјално направени за жени. Причината е што изненадувачкиот број мултивитамини за мажи не содржат железо и калциум или нивните количини се драстично намалени, вели таа.

-Потребите за калциум за мажите и жените на возраст меѓу 19 и 50 години се идентични. За двата пола потребни се околу 1.000 милиграми дневно. А малкумина ќе можат да внесат толку многу, особено ако не консумирате млечни производи секој ден, рече таа.

На жените им се рекламираат мултивитамини полни со железо поради крвната слика, а калциум поради коските.

Но, сите ние имаме коски за кои треба да се грижиме, а мултивитамин кој не содржи калциум не треба да се купува, вели таа.