Мажите и жените се различни по многу нешта, меѓу кои и активностите што ги имаат мажите односно жените додека се наоѓаат на одмор или патување.
Мажите се обично покативни во запознавањето на нови места, а жените се поактивни во запознавањето на нови луѓе. Тоа има врска со еволутивните или стекнатите придобивки на половата припадност.
Што прават мажите додека се на одмор?
Нив ги интересира прошетката, возењето кола околу местото каде што се наоѓаат, почестите излегувања или посетувањето на ресторани.
Мажите отсекогаш сакале да бидат надвор од своите домови бидејќи мажите од примордијалните општества биле собирачи и ловци. Во природата на мажите им е да се движат повеќе и да освојуваат нови простори.
Тоа е и еден од факторите на поразвиена спацијална интелигенција кај мажите во споредба во онаа кај жените.
Мажите најчесто ќе ги видите како шетаат околу хотелот, одат во ресторани, бараат продавница за автоделови или маркет за купување на пиво.
Што прават жените додека се на одмор?
Тие ги сакаат убавите работи и обично времето го посветуваат на разубавување, нега за себе и сл. Исто така жените помалку се движат од местото на престој.
Поголема е веројатноста дека жената ќе остане во хотелот и ќе се воодушевува од убавиот внатрешен ентериер одошто да излегува постојано.
Лоцирањето само на едно место и помага да ги зголеми контактите и да изгради подолготрајни пријателства.
Мажите се покомуникативни и љубезни, но тие не се врзуваат за луѓето со кои контактираат.
Најверојатно жената ќе ја видите во спа центар, како ужива во некоја масажа или седи во лобито на хотелот со чаша пијалок во рака.