Како знаете дека е време да дадете отказ и да барате нова работа? Ова не е лесно да се препознае бидејќи секој има лоши денови.
– Понекогаш не ви се допаѓа вашата работа, или ве нервираат колегите, односно сте фрустрирани поради многу обврски, менаџери и соработници, но дали тоа значи дека треба да поднесете оставка? Секако дека не, вели Ејми Гало, експерт за работа на бизнис школата на Харвард.
Од друга страна, проценката на тоа колку долго имало проблеми и идентификувањето од што сте незадоволни – може да ви помогне да одредите дали сте „заглавени“ во процепот или е време да продолжите понатаму. Притоа, не ја губете од вид поголемата слика.
– Во времето на пандемијата, работите беа многу интензивни. Сите чувствувавме голема промена на работа. Имавме многу причини за стрес во нашите животи – додаде Гало.
Чувствувате упорно стагнација или дури и назадување
Тешко е да останете мотивирани и продуктивни на работа ако сметате дека нема простор за напредок.
Секој има различно чувство: тоа може да значи недостаток на напредок и зголемување на платата, или недостаток на нова обука, вештини.
Долгорочните неисполнети ветувања на вашиот шеф, како што се нова позиција, дополнителна обука или дополнителен персонал за да ви помогнат во работата, исто така, можат да бидат исцрпувачки.