Од 2,3 милиони луѓе во Европската унија кои работат во секторот за информатичка и комуникациска технологија и се едуцирани за тие работни места, дури 83 проценти се мажи, објави Еуростат.
Од сите земји на ЕУ, Летонија има најголем удел на мажи во вкупниот број вработени со ИКТ образование (94 проценти), според податоците за 2020 година.
Следува Словенија, со 90 проценти мажи, Белгија и Чешка со 89 проценти, и Полска со 88 проценти мажи во секторот за информатичка и комуникациска технологија.
Од друга страна, жените учествуваат со повеќе од една четвртина од вработените со ИКТ образование во Данска (33 проценти), Грција (31 проценти), Кипар (28 проценти), Бугарија (27 проценти, ниска сигурност) и Романија (27 проценти).