Психологот Елејн Спангин верува дека постојат три работи што можат да ни помогнат да бидеме ментално поподготвени за живот во нашиот непредвидлив свет, а тоа се:
Вршење активности што нe исполнуваат
Многу е важно да веруваме во она што го работиме, особено ако тоа е наша професија, а не само да правиме активности за финансиски надомест.
Парите се важни, но на луѓето им треба нешто повеќе, поради што ќе станат од кревет полни со ентузијазам и ќе започнат нови победи.
Ако сe уште не сте се нашле во нешто, не очајувајте.
Направете листа на работи што сакате да ги правите и започнете да се подобрувате во нив.
Создавање нови пријателства и одржување на постојните
Без здрава врска со другите луѓе, нема да стигнете далеку во животот.
Пријателите се нашата поддршка кога работите одат наопаку.
Тие се таму за да нe утешат, мотивираат и да ни помогнат да ги надминеме проблемите на сите можни начини.
Ова е особено очигледно во околности на пандемија, кога ни е потребна сета поддршка што можеме да ја добиеме.
Остварување здрави навики
Ние како поединци имаме некои лоши и добри навики. Во стресни моменти, првите доаѓаат до израз, што ни отежнува да ги решиме горливите проблеми и не прави ментално послаби.
Здравите навики, од друга страна, се пожелни и во добри и во лоши времиња.
Натерајте се да ги практикувате, бидејќи само на тој начин ќе постигнете ниво на ментална стабилност доволно за да ги преживеете најтешките моменти, но и да им помогнете на другите кои зависат од вас.