Позитивното размислување се случува на потсвесно ниво, а ние сме свесни само за неговите делови.
Протокот на мисли нема почеток и крај, мислите постојано се менуваат и ние немаме контрола врз нив.
Од време на време мислите излегуваат на површина и тогаш сме свесни за нив.
Оние мисли за кои не сме свесни, како и неколкуте за кои сме свесни, одредуваат како ќе одиме низ животот, како оптимисти или како песимисти.
Придобивките од позитивното размислување, кои се потврдени со истражување:
- подобра концентрација и креативност,
- полесно справување во социјални ситуации,
- помала склоност кон зависност од цигари, дрога, алкохол и други,
- продолжен животен век, како и подолго зачувување на младешкиот изглед,
- намалена појава на депресија и вознемиреност,
- посилен имунитет,
- позитивен ефект врз кардиоваскуларниот систем.
Ако сакате да направите нешто за себе, не ја менувајте фризурата или не купувајте нова маичка, променете го протокот на мислата, тоа е многу повредно.