Покрај добриот сон, можете да ја вратите енергијата по бурна ноќ со конзумирање одредена храна.
Австралиските научници открија дека крушите помагаат во лекувањето на мамурлакот.
Ако пиете чаша сок од ова исцедено овошје ноќта пред излегување, можете да ги ублажите утринските проблеми за 16 до 20 проценти.
Последиците од „лудата“ ноќна забава полесно ќе се поднесат со лимета коктел. Кога ќе се разбудите, ставете две лажички исцеден сок од лимета и лажичка мед во поголема чаша вода, промешајте и испијте.
Сокот од домати, исто така, работи одлично. Богат е со витамин Ц, но содржи и супстанција која му помага на телото да се ослободи од токсините што сте ги внеле преку алкохол.