Не е тајна дека кралските семејства сакаат да креваат чаша од време на време, но колку всушност кралицата пие?
Поранешниот готвач на кралицата Елизабета, Дарен МекГрејди објасни дека не пие секој ден.
Кралицата сака да пие пијалок со вечера, а тоа е обично чаша од нејзиното омилено германско слатко вино, пишува британски Hello.
Тој, исто така, истакна дека кралицата Елизабета никогаш не била гурмана и дека претпочита да се држи до истата храна.
Тој, исто така, откри дека Кралицата му испраќа мени во црвена кожа секоја недела, напишано на француски, за да провери дали ги има потребните намирници за нејзината исхрана во тековната недела.