Владата усвои нов пакет мерки на здравствена заштита, откако бројот на нови регистрирани случаи со коронавирус се зголеми.

Премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил испрати апел до граѓаните да ги почитуваат мерките и најави засилени инспекциски контроли.

Претходно беше најавено дека ќе има рестрикции за сите кои не се вакцинирани, а токму од 16ти Август се воведуваат нови мерки, кои според проценката на многу граѓани, изразена на социјалните мрежи се загрозувачки по човековите права и слободи.

Една од мерките која е најпроблематична е следва:

Од 16 август 2021 година се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид објект на отворено, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани) на отворено. Мерката се однесува на лица над 18 годишна возраст.