Сите медали на Олимпијадата во Токио се изработени од рециклиран метал.
Од едноставни економски причини, медалите повеќе не се изработуваат од чист метал, односно не златните и бронзените медали.
Последен пат кога медалите биле направени од чисто злато е на Олимписките игри во Стокхолм во далечната 1912 година.
Веднаш потоа, организаторите препорачаа дека e премногу скапо да се продолжи со таква пракса.
Да претпоставиме дека една унца злато чини околу 1.890 долари, а на Игрите во Токио се доделуваат вкупно 812 златни медали.
За да се произведе еден медал од 500 грама чисто злато, тоа ќе чини околу 30.000 долари, а за сите златни медали би се одвоиле дури 24,5 милиони долари.
Денес, олимписките златни медали се направени од 494 грама сребро и позлатени со шест грама злато.
Во просек, еден златен медал би чини околу 815 долари, ако една унца сребро вреди околу 25 долари.
Сребрените медали, како оној на Георгиевски се направени од чисто сребро, без никакви додатоци.
Па така, сребрен медал од половина килограм би чинел околу 445 долари.
Бронзените медали се најевтини за производство, бидејќи содржат 95% бакар и 5% цинк или калај.
Поради тоа, еден бронзен медал би имал вредност од 4,70 долари.