И оние кои постојано се силни имаат свои потреби кои често ги занимаруваме.

Во секоја средина постојат луѓе кои срдечно помагаат на другите во рамките на нивните можности, понекогаш дури и на своја сопствена штета.

Луѓето, навикнати дека една личност постојано им се наоѓа, постојано ја ангажираат и се потпираат на неа.

Но што мислите, како ќе се квалификува таа личност кај другите кога ќе го добие правото НЕ?

Секако луѓе кои направиле 100 добри, а едно лошо се лоши и луѓе кои не направиле ништо, ама во еден момент ви пружиле еден утешен збор, ви стануваат новите херои на ситуацијата.

Не е праведно на „секојдневните херои“ да се препише целата вина само врз база на една случка или еден изолиран настан.

Мора да разбереме дека и на најсилните им е потребна помош, поддршка, грижа и добар збор. Просто тоа се универзални човечки потреби на кои ниту еден човек не е имун.

  • Прашајте ги како се 

Луѓето кои постојано се грижат за тоа другите како се, заслужуваат да бидат прашани за нивната состојба.

Едноставно тие се во суштина најслабата точка во приказната, која може само наеднаш да се сруши.

Знаете што се случува со столбови кои носат преголем товар нели?

Никогаш нема да добиете одговор кој ќе ве натера на сожалување и тие никогаш нема да признаат дека не се добро, дури и кога е така.

Но покажете им дека ви значат и поставете го тоа прашање без разлика дали го знаете одговорот!