Некогаш може да вложите многу пари во изгледот, а да изгледате „премногу“ (too much), односно да изгледате преукрасено и кич.
Многу жени грешат во дозирање на make-up, избор на материјал на облека, должина, разголеност, боја, накит, фризура и сл.
Неколку постулати кои треба да ги примените и да избегнете кич изглед:
- Не ги шминкајте и очите и усните
Ако нанесете позабележителна шминка на очите, избегнувајте шминка на вашите усни и обратно.
Не нагласувајте се од вашето лице, само она што сметате дека ви дава најдобар изглед.
- Боја на коса која се среќава во природна состојба
Запрашајте се дали бојата на вашата коса може да ја сретнете баш таква во природна состојба.
Ако одговорот е НЕ, вие сте на сигурен пат до кич изглед.
Формата на косата е исто така многу важна, за косата да изгледа убаво – доволно е да е чиста и малку обликувана.
Се што бара премногу детали, држачи, лак за коса, гел и сл, веќе дава впечаток на кич изглед.
- Само едно парче накит
Немојте да претерувате со накит, ако носите обетки нема потреба да носите ланче и обратно.
Ако носите прстен, не носете нараквица и обратно. Едноставно е, изберете само едно парче накит што ќе го скрие голото место и ќе направи пресек.
Ако носите отворено деколте, изберете ланче, ако носите куси ракави изберете нараквица.