Имате сопствен бизнис или сте менаџер на одговорна позиција во голема компанија?

Знаете дека сам не можете да постигнете ништо. Ви треба помош од други луѓе, исто како што ним им е потребна вашата помош.

Со вистински тим можете да изградите систем од врски, со чија помош невозможното ќе ви се чини практично неизбежно. Еве што препорачува Форбс, какви типови на вработени треба да имате крај себе:

Поттикнувач – личност што ве турка, што ве тера да мислите.

Тој или таа ќе ве мотивира да се погрижите нештата да се случат. Сакате да задржите ваква личност полна со енергија и ентузијазам. Ваквите личности играат улога на “гласот на инспирацијата”.

Навивач/ка – овој тип на луѓе се големи фанови и поддржувачи на вашата работа.

Зборуваме за посветеност во крајности. Овие вработени се „гласот на мотивацијата”.

Скептик – мажи и жени кои ви поставуваат тешки прашања и ги гледаат проблемите уште пред да се појават.

Овие работници се грижат за вас, сакаат да бидете успешни и да се чувствувате сигурни. Овој тип луѓе може да се нарече „гласот на разумот”.

Надзорник – заборавете на мирот и непочитувањето на роковите.

Овие луѓе постојано ќе притискаат да се заврши работата, ако треба и на повисок тон. Тие се „гласот на напредокот”.

Поврзувач – ви помага во изнаоѓање нови патишта и сојузници.

Тој или таа ги урива пречките на патот и овозможува да се случи магијата. Овој тип е “гласот на соработката”.

Пример – вашата светлина, вашиот херој, оној што ве инспирира и на кого сакате да се угледате.

Постојано чувствувате желба да го/ја импресионирате. Овие колеги се “гласот на вистински авторитет”.