Често правиме грешки за кои не сме ни свесни, но тие нас не чинат здравје. Така на пример несоодветното нанесување на гел за туширање може да ја оштети кожата.
Исто така и шампонот за коса, доколку се нанесува неправилно може да ја оштети кожата на главата, да предизвика првут, чешање на кожата или во најсериозен случај опаѓање на влакната.
Неправилното аплицирање на шампон и гел за туширање ве наведува и на поголем трошок.
Ви предлагаме основни правила на туширањето кои ќе ви заштедат и здравје и време и пари:
- Шампонирајте ја косата повеќе пати
Првиот пат нанесете само малку шампон и тоа на врвовите на косата, а не на нејзините корени.
Потоа постепено разнесувајте ја пената со прсти накај коренот, нежно масирајќи ја кожата на главата.
Иако можеби ви се чини дека не е доволно пенливо, тоа е очекувано за првото аплицирање.
Нанесете малку шампон и по втор пат по истата постапка и ќе ја исчистите косата целосно, а веќе второто шампонирање ќе забележите повеќе пена на влакното, што значи дека е веќе чисто.
- Гел за туширање се нанесува само еднаш
Гел за туширање нанесете само еднаш и тоа на крајот од туширањето.
Исплакнете веднаш, бидејќи отстоениот гел за туширање може да ја исуши кожата.
Внимавајте на кои предели го нанесувате, обично гел за туширање се нанесува под пазувите или покрај интимните предели.