Медитацијата има позитивно влијание врз емотивната и конативната состојба на човекот.
Преку медитација, луѓето може да ја зголемат свесноста за некој свој проблем и полесно да дојдат до рационални решенија.
Таа исто така им помага на луѓето да ја зголемат концентрацијата, да ги преиспитаат мислите, да филтрираат креативни и позитивни мисли и да ги ретенрираат.
Пркеу медитација може да воспоставите контрола и на вашите емоции.
На пример да согледате дали има основа да се чувствувате на одреден начин, да го рационализирате стравот и да се мотивирате повеќе за некоја активност.
Современиот автор на бестселерот „Сапиенс“, Харари смета дека медитацијата ќе биде и единствен начин да се надминат проблемите со методите и научната вистина и да се дојде до апсолутно знаење.
Според него медитацијата има и когнитивни придобивки.
Терапијата за парови и семејните терапии се почесто вклучуваат, медитација како начин да се зближите со партнерот и да изградите силна меѓусебна врска.
Заедничката медитација ќе го стимулира процесот на „свесно“ љубење и одржување на здрава заедница.
Еве што подразбира заедничка медитација:
- Заедничко работење на еден проблем
Доколку имате проблем во комуникација, врската или бракот соопштете му го на партнерот.
Предложете му заедничка медитација на тој проблем.
По медитацијата, запишете ги емоциите и заклучоците на лист хартија, а потоа разменете ги.
По читањето на записите од хартијата на партнерот повторно направете заедничка медитација во иста просторија со ограничено времетраење (нека ве прекине алармот на пр.).
На тој начин ќе може повеќе да ги разберете и здржите забелешките и емоциите на партнерот.
Препорака:
Најдобро е да медитирате на плажа, покрај море. Мориските бранови и топлината ви наметнуваат стабилен такт и ритам, што ви помага полесно да се впуштите во медитација.
Изберете помалку гужва и интензитет на сончеви бранови.
На пример направете го тоа во периодот пред пладне или по 17 часот.
Воедно ќе ги искористите и придобивките од сонцето и витамин Д.
Во спротивно ќе ја оптеретите вашата кожа, може да добиете изгореници или алергии.