Ако прашате некој човек кој нема филозофско образование и многу допир со филозофијата – што е всушност филозофијата? – Одговорот најверојатно ќе биде потрагата по смисла на животот.

Во најредуцирана верзија филозофијата се опишува како учење на смислата на животот.

И тоа не е неточно, особено кога ќе го разгледате опусот на некои филозофи.

Многу од нив во своите трудови како главно истражувачко прашање го поставиле прашањето – Што е смислата на животот?

Ви предлагаме три филозофски книги кои ќе ви помогнат да ја разберете смислата на животот:

  • Медитации или На самиот себе од Марк Аурелиј 
Рефлексии за себе е дневникот на Марк Аврелиј, римскиот император и последниот голем претставник на стоичката филозофија, во кој императорот насликал интимно јас, како уметник кој им го остава својот портрет на своите потомци, му се чини како да оди есенската шума, полна со мириси на златни и виолетови лисја што венеат.

Она што најмногу зрачи од тој дневник, не е ништо друго освен монолог од трагедијата на големо срце, е искреноста на сопствените чувства на царот.

Каква болка направија од него човек, сопруг, родители и император и што од болка како мудрец?

Сè што напишал царот-филозоф за животот и човечката мизерија бил инспириран од чувствата што тој самиот ги негувал.

Постои видлив сомнеж кој често избива од неговото верување, видлива болка што боледуваше во часовите на сомнеж, обид да се помират мислите стекнати со разумот со вербата во неговите чувства, исто како верувањето во непобедливоста на човечкиот ум што го спасува од аскетска сувост, тишина и очај.

Медитации - Белетристика - Коментари, мислења и оценки - Најевтино.мк - Најевтино.мк

 

Издание на македонски јазик:

Издавачка куќа „Ѓурѓа“

 

 

 

  • Смислата на живототТери Иглтон 
„Смислата на животот“ дава преглед на идеите на некои од најзначајните мислители и писатели во историјата, како што се: Маркс, Шопенхауер, Шекспир, Сартр, Бекет итн.

Во неа, авторот дава сериозна, но истовремено и забавна, анализа на прашањето за смислата на животот.

Притоа, Иглтон тврди дека ако нашиот живот воопшто има некаква смисла, таа произлегува од желбата на луѓето да ја создадат, а не од нејзината зададеност.

Тој смета дека смислата на животот не постои сама по себе, туку се создава со живеење на животот на одреден начин – преку неговата длабочина, квалитет, разноликост и интензитет.

Смислата на животот - kupikniga.mk

 

Издание на македонски јазик:

Издавачка куќа „Магор“

 

 

 

 

  • Освојувањето на среќата од Бертранд Расел
Освојување на среќата е дело што спаѓа во популарна фи- лозофија и го содржи Раселовиот „лек за обичната секојдневна несреќа од која страдаат повеќето луѓе во цивилизираните земји, а која е уште понеподнослива зашто, земајќи го предвид фактот дека нема очигледен надворешен причинител, се чини дека е неизбежна“.

На исклучително прониклив начин, Освојување на среќата ги анализира прак- тичните и секојдневни дилеми на луѓето, укажувајќи дека среќата не е дадена туку дека треба да се освои.

Со таа цел, Расел повикува на постојано рационално соочување со неизбежните неволи и лоши околности, кои се шират во светот во кој живееме.

Издание на македонски јазик:

Издавачка куќа „Магор“