Многу често не сме доволно емоционално интелигентни да ги гледаме јасно и разделно сите наши емоции.

Па така често мешаме допаѓање со љубов, страст и вљубеност, сексуална привлечност и заљубување.

Еве како да препознаете дека навистина сте вљубени во некој и дека не станува збор за минлива и површна емоција:
  • Замислете ден без таа личност 

Најголем индикатор дека се работи за љубов е чувствување на туѓото отсуство.

Ако не можете да замислите ниту еден ден без таа личност, тогаш веројатно нема да можете ни да го замислите животот без него/неа.

  • Се восхитувате од него/неа

Не престанувате да се одушевувате од таа личност секој ден. Што подобро ја запознавате толку повеќе се вљубувате во неа.

Ако се што прави од начинот на кој оди, преку начинот на кој зборува до начинот на кој ве третира ве восхитува, тогаш сте во состојба на сериозна и длабока љубов!

  • Сакате да ја покажете најдобрата верзија од себе 

Кога луѓето ќе речат дека љубовта унапредува, тоа навистина е така бидејќи вљубениот човек пред другиот сака да се прикаже во најдобро можно светло.

Од средување на себе, преку внимание во начинот на кој се однесувате со секој сите гест мислите како да ја импресионирате таа личност, тогаш дефинитивно сте вљубени.

  • Се плашите дека ќе ја/го изгубите 

Имате страв дека може да останете без таа личност бидејќи не можете да го замислите животот без неа.

Стравот од загуба на личноста што ја сакаме е сигурен индикатор дека сме засекогаш вљубени во таа личност!

 

*Иако овие критериуми може да ви бидат ориентир во проценување на вашите емоции кон некој, сепак треба да внимавате и на ФАКТОР време.

На почетокот од врската сите може да имаме наплив на емоции што се мешаат со љубов, но тоа може да е само идеализација.

Да бидете сигурни дека навистина сте заљубени во некого треба да бидете подолго време заедно, барем онолку, да може да се брои во години!