Нарцистички профил на личност е премногу свртен кон себе и најважно од се му е да ја зачува својата репутација.

Понекогаш нарцисот е подготвен да работи на системско уништување на туѓата репутација сметајќи дека на тој начин себе ќе се прикаже како плаузибилна инстанца за делење судови и морални поворки.

Иако на почетокот нарцисот не изгледа опасен по вас, бидејќи не би направил лоши работи кон вас што може да му го загрозат неговиот имиџ во јавноста, сепак нарциосоидните профили на луѓе се и повеќе од опасни по вас.

Ако влезете во поинтимна релација со нарцис, бидете подготвени да бидете нечија алатка со која тој/таа ќе се послужи секогаш кога ќе треба себе да се прикаже во одредено светло.

Важно е нарцисот да го препознаете навреме и да си ги активирате сопствените аларми и механизми на претпазливост.

  • Дефанзивни се 

Ако се обидете да ги коригирате или да им упатите некоја критика, тие нема да возвратат, но нема ни да игнорираат, напротив ќе се правдаат и бранат себе.

Нив им е најважно каква слика ќе оставаат пошироко, а не борбата за правдата и вистината, затоа се претпазливи во врска со се што ќе ви одговорат или кажат!

  • Работат зад грб 

Ако сте подобри или поуспешни од нив, тие нема да спијат размислувајќи за тоа што следно да кажат за вас мислејќи дека таа ќе ја намалат вашата вредност.

Нарцисот е подготвен да направи било што само да не бидете подобри и поуспешни од него!

  • Немаат искрени чувства

Тие може да поминат и години во некој однос само од интерес, но не и од љубов.

Нарцисите може да не ги сакаат партнерите и да ги остават преку ноќ без некоја посебна причина.

Ако имате со нив брак и деца, тогаш веројатно нивната улога како сопруг/а или родител е многу разочарувачка за сите.

Градење на семејство со нарцис е семејство осудено на пропаст, а најголеми жртви од тоа секако се вашите деца!

  • Немаат критериум

Нивниот критериум не е ниту вистината, ниту праведноста, ниту која било друга вредност.

Тие немаат јасен критериум по кој ги судат и вреднуваат работите.

Се зависи од тоа како треба да се прикажат за да добијат нешто за возврат.

Нарцисите не се постојани, напротив се лицемерни, подли и превртливи.

  • Не се лојални 

Тие не се лојални на пријателите, на семејството, на партнерот.

Себе се ставаат на прво место и може да ве продадат за ситни пари, затоа што не им е важно ништо друго освен самите тие!