Негувана и здрава коса е одраз на женската хигена.
Многу од жените сметаат дека негувана и здрава коса може да имаат единствено доколку често посетуваат фризер, или трошат голема сума на пари за козметика.
Сепак, тоа не е точно. За негуван изглед на косата доволно е да примените само неколку трикови, во домашни услови, скоро без козметика!
- Чешлање
Изберете го чешелот кој одговара на густината на вашата коса и задолжително исчешлајте ја косата додека е мокра.
Со чешлање, косата ја исправате и спречувате влакната да се испреплетат меѓусебно и да се оштетат при миење или следно чешлање на суво.
- Масло на мокра коса
Наместо балсам за расчешлување на косата, користете масло што веќе го имате во кујната.
Нанесте кокосово или маслиново масло (само неколку капки) на врвовите пред да ја расчешлате косата.
Маслото ќе помогне полесно да се исчешла косата, но и ќе и даде природна хидратација, заштитувајќи ја од УВ зрачење.
- Сушење со фен
Ако ја оставите косата природно да се исуши, влагата може да ја оштети кожата на косата.
Затоа исуштете ја косата со фен веднаш по миењето.
Потребно е правилно да го користите фенот:
- Не го доближувајте преблиску до косата
- Регулирајте ја топлината / претопол воздух може да го оштети влакното
- Суштете темелно / Не го гасете фенот додека не ја исушите косата целосно!