Црнила — драма на македонскиот драмски писател Коле Чашуле.

Дејството во драмата се случува во 1921 година во Софија.

Коле Чашуле е прв автор кој на ваков начин напишал за македонските црнила, за антимакедонштината.

Инспирација за да го напише делото му бил вистински, историски настан, убиството на Ѓорче Петров.

Идејата е да се прикаже осуда на моралниот пад, “братоубиство” , забивање на нож во грбот-како честа појава во нашата мрачна историја.

Темата е убиството, атентат врз Ѓорче Петров од негови соработници.

Оваа драма е драма на идеја, драма со теза, драма на апсурдот на една личност, македонска современа драма.

Во драмата ликовите се типични херои на едно време и една средина.

Тоа се морални престапници кои работаат против својата земја и сопствениот народ.

Во оваа драма е прикажан само мал сегмент од нашата историја, сегмент од македонското самоуништување, една македонска тажна страница.

Денеска се точно 100 години од убиството на Ѓорче Петров во Софија, кој бил убиен по наредба на Тодор Александров.