Мртви уморни сте, не стигнувате се да завршите што морате и понекогаш ви се чини како денот од 24 часа едноставно да не трае доволно долго…
Секако, ќе се обидете да најдете начин малку да ја подигнете продуктивноста. Но, колку и да ви делуваат примамливо, енергетските пијалоци не се баш најдобриот избор.
Еве која е цената за ваквата ,,позајмена,, енергија.
Ако редовно пиете енергетски пијалоци, по две недели телото ќе се навикне на реодвната доза кофеин со која овие пјалоци се богати, и ефектот кој го очекувате ќе се намали.
Наместо да ја добиете потребната енергија, ќе почнете лошо да спиете, ќе бидете нервозни, пулсот ќе ви бие забрзан, а ако продолжите со таа пракса, набрзо тоа ќе почне да се одразува и на вашата линија, бидејќи кимограмите ќе почнат да се трупаат.
Еве што се случува всушност во телото кога ќе испиеме една лименка енергетски пијалок:
По 10 минути, циркулацијата се забрзаува порaди кофеинот, пулсот расте и исто и крвниот притисок. Пет минути подоцна, концентрацијата се подобрува.
По половина час се сопира апсорбирањето на кофеинот, а високиот притисок во комбинација со огромната количина шеќер која оди во крвотокот предизвикува поспаност.
Уште половина час подоцна, пак стануваме уморни, бидејќи вештачки подигнатата енергија пчнува да опаѓа. Шест часа подоцна, нивото на кофеин е опаднато за 50%.
По отприлика 12 часа, кофеинот е исфрчен од организмот.
Дали тоа ќе се случи побрзо или побавно, зависи од возраста и од физичката подготвеност.
Ако редовно консумирате енергетски пијалоци, од де на ден ќе почнете да чувствувате главобоки ќе бидете нервозни, а веројатно ќе ве измачуваат и стомачни тегоби. Енергија? Што беше тоа?
Ако продолжите со таа пракса, по две недели телото ќе се навике на редовните дози кофеин и повеќе енергетските пијалоци нема да ви носат никаков полет од енергија.
Ќе се чувствувате полошо отколку што инаку би се чувствувале, бидејќи ќе почне да ве измачува несоница, ќе бидете нервозни и чувствителни и изложени на поголем ризик од проблеми со крвниот притисок.
Покрај тоа, ќе почнете да се дебелеете од големата количина шеќери.
Се на се, ако сте уморни и ви недостасува енергија, единствен смислен начин да се ослободите од тоа е да почнете да спиете повеќе да се храните поздраво и редовно да вежбате.
Ако и после тоа сите овие промени на животните навики не бидете подобри, побарајте совет од доктор.