Ако сте имале „бурна“ ноќ и сте претерале со алкохолот, сигурно знаете дека последиците најчесто се чувствуваат во текот на утрешниот ден.
Ви прдлагаме анти-мамурлак супа која веднаш ќе ви даде енергија и ќе го отстрани мамурлокот, како би можеле да продолжите нормално да работите.
Потребни состојки:
- кесичка со бистра супа
- 3-4 парчиња лук
- 1 лимон
- бибер
- Маслиново масло
Начин на подготовка:
Во зовриена вода истурете ја содржината од кестичката. Оставете ја супата да се свари 7-10 минути на тивок оган.
Лукот исецкајте го на ситни делчиња и додадете го во супата 1 минута пред да ја тргнете од оган.
По лукот, додадете бибер и малку маслиново масло.
Тргнете ја супата од оган и оставете ја да се излади, така што нејзината температура ќе спадне под 40 степени.
Лимонот исцедете го, а сокот додадете го во изладената супа.
Сугестија: Потрудете се да внесете што е можно поголема количина од течноста!