Постојат два начини на кои може да го употребите лимонот за осветлување на вашата коса.
Лимонот ќе ја осветли секоја боја на косата за една до две нијанси, особено на краевите.
Наједноставниот начин да го нанесете е да го измешате со регенератор или маска за коса.
По неколку часа исплакнете.
Вториот начин на осветлување на вашата коса со лимонов сок е со помош на соцнето.
Најдобар период да го искористите дејството на лимонот врз косата е летниот одмот кога поминуваме повеќе од инаку време на плажа и на сонце.
Исцедете лимон и ставете го во шишенце. Додека се сончате внимавајте косата да не ви се исуши целосно и постојано нанесувајте малку од лимоновата течност на вашата коса.
За 3-4 дена ќе забележите разлика во нијансите на косата.