Самодовербата игра клучна улога во дефинирање на исходот од деловната комуникација. Колку повеќе е присутна, толку повеќе ќе „извлечете“ од состанокот.
Никој не сака да соработува со лабилни луѓе кои ни сами не си веруваат на своите зборови и ветувања.
Ви откриваме мали трикови за самопомош во однос на поттикнување на самодовербата пред важен состанок:
- Дајте му значење на состанокот
Кога ќе му дадете значење на состанокот како важен, круциелен и сл. самиот ум и тело ќе се подготви за состанокот.
Сепак не претерувајте со вреднување на настаните бидејќи тоа може да ве инхибира.
Држете се до добра, почетна еуфорија.
- Подгответе се да дадете се од себе
Важно е да се покажете, а пред се да бидете свесни за своите таленти и вештини.
Непосредно пред состанокот направете мала интроспекција и набројте што очекувате од состанокот, што очекувате од себе и дајте си тивка поддршка со зборовите – Ти можеш, биди најдобар / најдобра и сл.
- Занемарете ги другите
Игнорирајте го постоењето на другите во тој момент и концентрирајте се само и исклучиво на себе.
Не дозволувајте туѓите коментари да влијаат врз вашиот ум и одржете ја позитивната фреквенција.