Светиот маченик Талалеј е христијански светец. Неговиот татко бил Веруциј, а мајка му била Ромилиј.
Тој по професија бил лекар.
Страдал за Христа во неговата осумнаесетта година за време на владеењето на Нумеријците.
Кога пред судијата мачител ја признал својата вера во Христа, судијата им наредил на двајцата џелати, Александар и Астерија, да му ги дупчат колената, да провираат јаже низ прободените коски и да го обесат од дрво.
Во христијанската традиција се споменува дека невидливата Божја сила им го одземала џелатите, па наместо Талалеј, тие прободеле даска и ја закачиле на дрво.
Кога мачителот дознал за ова, помислил дека џелатите тоа го сториле намерно, па наредил да ги камшикуваат.
Тогаш Александар и Астерија извикале: „Да живее Господ, отсега и ние ќе станеме христијани, веруваме во Христа и ќе страдаме за Него!“
Слушајќи го ова, мачителот наредил да ги исечат со меч.
Во христијанската традиција се споменува дека тогаш самиот мачител се обидел за да ги пробие колената на Талалеј, но рацете му биле одземени и тој морал да го моли Талалеја за да го спаси.
Се споменува дека потоа го фрлиле во вода, но тој се појавил жив пред мачителот и кога потоа го фрлиле пред sверовите, ѕeверовите му ги лижеле нозете и го галеле.
Конечно бил убиен со меч во 284 година.
Православната црква го слави на 20 мај според црковниот календар, а на 2 јуни според грегоријанскиот календар.
На овој ден, во селата низ цела Македонија, се почитува обичајот да не се оди на гробиштата, бидејќи се верува дека душите на измачувачите на Талалеј демнат жртви…
И ако потребно е, безбедно е да се оди само пред пладне кога овие зли души спијат.