Човечкото тело е создадено за движење (треба да одиме два часа на ден), поради што предолгото седење им штети на црниот дроб, телесната тежина, мозокот, менталното здравје и премалку движење може да го намали очекуваниот животен век.

Со желба да се намали штетата предизвикана од неколку часа седење на работа и дома, многумина се одлучуваат за разни вежби и тоа е пожелно и корисно, но откриено е дека постои многу подобар начин да се намалат негативните ефекти од продолжено седење на организмот – само стани!

Научниците од Кралскиот колеџ во Лондон анализирале 38 стратегии дизајнирани да го намалат времето што го поминуваме додека седиме и дошле до заклучок дека редовно станување е најдобар начин.

Значи, решението е да се намали времето поминато во седење, наместо да се зголемува физичката активност.

Затоа, искористете го секој можен момент на работа за да станете од работната маса, макар и неколку секунди.