Тренирањето е дел од секојдневието на голем број помлади, но и повозрасни луѓе.
Сите кои тренираат добро знаат дека по исцрпувачки тренинг е неопходно добро да ги нахраните пред се вашите мускули кои биле најактивни за време на вашата активност.
Мускулите најмногу се хранат со протеини, а протеинска храна најмногу има во продукти од животинско потекло.
Најголем број на луѓе по тренингот јадат пилешко месо или јајца, но во случај да сакате да заштедите време за готвење и јадење на овие продукти, ви препорачуваме нешто поединоставно.
Имено се работи за протеински шејк во течна состојба кој бргу се подготвува и може да го имате при рака веднаш штом завршите со тренингот.
Покрај тоа може да бидете сигурни дека ќе се снабдите со сите потребни состојки за вашите мускули.
Потребни состојки:
- Проетеин во прав (со дневна доза, по препорака на пакувањето);
- 200 милилитри млеко од бадем
- 1 банана
- 200 грама мелени ореви
- 1 лажичка мед
Покрај тоа што има доволно протеини, вкусот на шејкот е одличен, така што уживате додека го пиете. Освен протеини ќе ги задоволите и потребите за масти (особено омега 3 масни киселини), како и потребите за јаглехидрати.
*Напитокот се препорачува по поладневен тренинг, доколку за појадок земате смути од зеленчук и овошје.