Покрај лошо расположение, прескокнувањето појадок носи и низа здравствени проблеми. Од друга страна, оваа навика има неколку предности.

Проверете што се случува со вашето тело ако прескокнете појадок, и што покажаа истражувањата досега, пишува Брајтсајд.

Прекумерна тежина

Постои заблуда дека прескокнувањето оброци помага при слабеење.

Некои истражувања покажаа дека гладот ​​што го чувствуваме наутро е поврзан со дебелината, не само кај деца и адолесценти, туку и кај постари лица.

Причината лежи во фактот дека подоцна се прејадувате поради прескокнување појадок.

Исто така, јадењето пред спиење предизвикува зголемување на телесната тежина.

Но, една студија исто така покажа дека со прескокнување на појадокот може да добиете неколку килограми, дури и ако не се прејадете потоа, бидејќи на тој начин се нарушува внатрешниот часовник на телото.

Расположение

Кај возрасните, прескокнувањето појадок е поврзано со нарушувања на расположението.

Луѓето кои не појадуваат се повеќе склони кон депресија.

Исто така, прескокнувањето на појадокот четири или пет дена во неделата го зголемува ризикот од развој на дијабетес тип 2 за 55 проценти.

Покрај тоа, може да имате пониски нивоа на шеќер во крвта.

Кога нивото на гликоза во крвта паѓа, тоа резултира со нарушувања на расположението, како раздразливост.

Се препорачува глукозата да не биде пониска од 70 милиграми на децилитар.

Замор

По будењето и подолг период без храна, резервите на гликоген се намалија и ви треба повеќе енергија за продуктивност.

Ако појадувате, телото ги раствора масните киселини за да ја произведе потребната енергија.

Но, ако го прескокнете тој оброк, дури и ако се чувствувате добро во текот на утрото, би можеле да бидете целосно исцрпени за неколку часа.

Исто така, може да имате проблеми со концентрацијата и уморот попладне.

Појасно размислување

Научните истражувања покажаа дека повремениот пост има неколку позитивни ефекти.

Овој вид диета значи дека имате периоди без храна секој ден, кои обично вклучуваат осум часа јадење и осум часа пост.

Прескокнувањето појадок за да постигнете 16 часа пост ќе ја подобри вашата меморија.

Меѓутоа, ако тоа не е прекинат пост, студиите покажаа дека редовното прескокнување на оброците може негативно да влијае на активноста на мозокот.