Бела тава содржи зеленчук, месо и млечни производи и има висока хранлива вредност.

Доколку одлучите да подготвите нешто вкусно за вашето семејство денеска одлучете се за бела тава.

Потребни состојки:

  • 200 грама печурки
  • 200 грама кисела павлака
  • 200 грама кашкавал
  • 400 грама пилешки стек
  • 1 морков
  • 1 пиперка
  • зачини по избор
  • маслиново масло

Начин на подготовка:

Пилешкиот стек нека отстои во млеко од 15 до 20 минути.

Потоа зачинете исецкајте го на ситни парчиња, зачинете го и запржете го во тава премачкана со маслиново масло.

Кога стекот ќе ја смени бојата, додадете го ватрослатна тава.

Печурките исецкајте ги на поситни парчиња, запржете ги 5-7 минути и додадете ги во тавата.

Исецкајте ги морковот и пиперката на прстени и додадете ги во тавата.

Киселата павлака измешајте ја со малку јогурт и додадете ја врз преостанатите состојки.

Зачините по вкус.

На крајот изрендајте кашкавал по цела површина.

Печете 30-40 минути на 200 степени.

Служење:

Бела тава се служи со некој тип на свежа салата, но не се потребни никакви останати додатоци.

Со белата тава ви предлагаме да се напиете една чаша квалитетно бело вино.

Уживајте во неделниот ручек!