Во пресрет на „св. Кирил и Методиј“ во градот на поезијата, денеска се одржа Трка на поезијата.

Покрај Трка на поезијата, се одржа и поетски натпревар, во кој победите ги однесоа Билјана Тодоровска и Мила Ристовска во категоријата – детска поезија.

Натпреварувачите трчаа обединети под мотото: „Трчам значи постојам“, а се одржаа трки на 5 и 10 километри долж Струга.

Манифестацијата беше поздравена од граѓаните на Струга кои го поддржаа настанот со своето присуство, а од страна на македонската јавност настанот беше препознаен како оригинален и конструктивен начин да се спојат спортот и поезијата и да се промовираат вредности за физички и духовно здрава генерација и општество.

Главен покровител на настанот е Хотел Боград.