Бананите се една од основните намирници во исхраната.
Таа се препорачува и за бебиња и за возрасни луѓе.
Според некои нутриционисти две банани двевно се гаранција за долговечност и здравје.
Но ако целосно ги отфрлите еве што се случува:
- Почесто сте гладни
Можеби мислите дека отстранувањето банани од менито ќе ја намали вишокот тежина, но за многумина има сосема спротивен ефект.
Студија објавена во 2017 година од „Магазин за функционална храна“ покажа дека скроб од брашно од банана, кое испитаниците го консумирале пред јадење, резултирало со намалување на вкупниот внес на калории за 14 проценти.
- Повеќе сте склони кон настинки
Ако заболувате од грип секоја година, тогаш бананите дефинитивно треба да останат на вашето мени.
Студија од 2020 година покажа дека летанот од банана, вид на влакна што се врзува за шеќерот, има антивирусни својства кога станува збор за повеќе видови грип.
- Висок крвен притисок
Студија од 2005 година во списанието „Хипертензија“ открива дека храната богата со калиум помага во намалување на високиот крвен притисок, слично како лековите што се користат за таа цел.
Затоа, ако сакате крвниот притисок да биде во нормални граници, не избегнувајте консумирање банани.
- Поголем ризик од мозочен удар
Високиот крвен притисок е сериозен фактор на ризик за мозочен удар.
Лишувајќи се од храна богата со калиум, се приближувате кон таа ризична група, а студија од 2013 година во списанието BMJ покажа дека луѓето кои јадат храна богата со калиум имаат 24% помал ризик од мозочен удар.