Луѓето се склони да создаваат паралелни и алтернативни реалности за да го надминат неподносливото чувство на незадоволство од реалноста која ја живеат.
Човекот често е склон, работите од кои не е задоволен, да ги претставува како свој најсилен атрибут за да ја скрие слабоста пред другите.
Затоа кога луѓето зборуваат за себе, тие ви кажуваат многу повеќе, одошто може да се смести во нивниот говор за себе.
За да ги открите сите импликации и да дојдете до заклучоци треба да примените следиве премиси:
- Закон за спротивност
Луѓето најмногу зборуваат за тоа што им недостига. Затоа ако некој ви зборува за семејство, веројатно неговите семејни односи не се извоор на задоволство.
Ако ви зборуваат за пријателство и го идеализираат тој однос веројатно не се задоволни од позицијата што ја имаат во друштвото.
Зборувањето за финансии значи дека луѓето не се задоволни од својата финансиска состојба или некогаш во минатото тоа им било најголем извор на фрустрации.
Она со што човек најмногу се фали е всушност она што најмалку го има!
- Другите се мое одгледало
Кога човек ќе започне разговор полн со цитати за тоа што другите му кажале за него, секако во суперлативи, тогаш треба да ви е јасно дека станува збор за човек кој својата самодоверба ја црпе од другите.
Како што имагинарно ја гради преку изјави на други за него кои често не се целосни, селективни се и извадени од контекст, така другите може и да му ја срушат самодовербата како кула од карти.
Таквиот профил на луѓе многу често се плаши од туѓите реакции, осуди и отфрленост, па настојува да гради околу себе жив ѕид од луѓе или нивни измислени изјави за да се одбранат од она што најмногу ги плаши.
Оној што најмногу зборува за другите, најмногу се плаши од тоа што тие имаат да му кажат!
- Отсуство на личен говор
Луѓето кои избегнуваат разговор за себе, дури и кога тој е присутен е половичен и селективен.
Луѓето зборуваат за себе свесно одбивајќи да кажат било што.
Кога личниот говор отсуствува, треба да знаете дека луѓето или немаат храброст да ви ги кажат сите работи од страв да се соочат со болката, или едноставно се празни и не ги доживуваат настаните како вредни да се пренесат во наравоучение.
Луѓето многу кажуваат за себе, по она што не го кажуваат.
- Грешки во говор
Едно од делата на Фројд е именувана како „Грешки“ и се однесува на најчестите грешки што се случуваат при комуникација.
Кога човек ќе направи грешка во изразот на пример ќе ве нарече со името кое не е ваше лично име, тогаш веројатно во тој момент потсвесно го потсетувате на таа личност.
Не е мал број на примерите кога партнерите во тек на расправија го изговараат името на поранешниот партнер наместо името на сегашниот.
Понекогаш за жал тоа се случува и за време на интимните односи.
Грешките во говорот не се грешки, тие ви откриваат нов слој на мисли кои протекуваат низ потсвеста и влегуваат спонтано во свеста.
Автор: Магдалена Стојмановиќ