Една чаша вода со лед може да ви помогне во периоди кога имате несоница.

Нутриционистите советуваат ладната вода да се избегнува поради трошење на енергија да се затопли до тлесна температура за да може да се користи, но во случај со несоница ладната вода може да донесе бенефит.

Ладната вода ќе му сигнализира на телото дека температурите се ниски и ќе ја поттикне потребата за сон.

Таа освен што ќе ја намали температурата на телото, ќе го намали и крвниот притисок кој обично е понизок пред да паднете во сон.

Енергијата што ќе ја потроши ладната вода, за телото да ја загрее, автоматски влијае врз спуштање на крвниот притисок.

На тој начин телото ги добива сите неопходни услови да се препушти на сон.

Во случај на вознемиреносот, употребете B6 витамин или B комплекс витамини, кои дополнително ќе ве ослободат од стрес и ќе ви овозожат квалитетен и удобен сон.