На мобилните корисници ќе им се понуди избор од различни гласови при избор на поставка за виртуелен асистент.

Apple сега нуди избор помеѓу машки и женски глас, како и шест различни акценти, вклучувајќи американски, британски, индиски и ирски, но основната поставка на американскиот пазар е женски глас.

„Епл“ исто така најави дека ќе додаде нови две гласа во програмата за „Сири“.

Возбудени сме што додадевме два нови гласови за Siri, за англиски јазик и опција за корисниците на Siri да го изберат гласот што го сакаат кога ги уредуваат поставките на уредот – напиша Apple во изјавата.

Тоа е продолжение на долгогодишната посветеност на Aplple кон различноста и инклузивноста и кон производите и услугите кои се дизајнирани подобро да ја рефлектираат различноста на светот во кој живееме, велат тие.

Родовите стереотипи кај виртуелните асистенти како Сири, Амазон Алекса и асистенти на Гугл веќе долго време се основа за приговор.

Во 2019 година, извештајот на Обединетите нации предупредува дека гласовните виртуелни асистенти ги поддржуваат ставовите дека жената е потчинета, послушна, пасивна и едвај сака да ги задоволи, достапна со едно копче или на гласовна команда.

Повеќето виртуелни асистенти нудат женски глас како стандардна поставка, и отсега корисниците ќе можат да го менуваат тоа.