Кофеинот е стимуланс, протеините помагаат во обновување на мускулите, а илјадници луѓе објавуваат на интернет за комбинирање на двете за утрински пијалок.

Ако сакате да подготвите енергетска бомба за здрав почеток на денот тогаш направете комбинација од кафе во кое ќе додадете протеин.

Наместо да пиете само кафе, или кафе кое содржи додаток на шеќер или млеко, направете комбинација од кафе со протеин.

Придобивки од кафето

Кафето го забрзува метаболизмот и може да делува како антиоксидант. Кога се внесува во умерени дози, може да биде и добар чувар на срцевото здравје.

Освен тоа, кофеинот од кафето ја стимулира работата на срцето и крвотокот полесно стигнува до мозокот, поради што мозокот ќе ви стане поактивен и побрзо ќе се расоните од спиење.

Протеин 

Сте слушнале дека кафе на празен стомак не се конзумира? Тоа не е мит. Кафето може да ја надразни слузокожата на желудникот и да го зголеми лачењето на желудниковата киселина поради што може да се појават мачнини.

Наместо да се јадете прво, па да пиете кафе и да внимавате редовно на тој редослед, можете едноставно да земете и оброк и кафе наедно со овој напиток.

Протеинот ќе го одржи нивото на енергија високо и ќе ја задоволи вашата желба за храна.