Милиони луѓе кои примиле вакцина „ковид-19“ доживеале несакани ефекти и ова е добар показател дека имунитетниот систем се подготвува да одговори во случај на инфекција, но доколку таквите знаци не постојат, нема причина за загриженост.

Нема потреба да се грижите бидејќи недостаток на реакција не значи дека некое лице е незаштитено, изјавија тројца експерти: Пол Офит, директор на Центарот за вакцини во Детската болница во Филаделфија, Глен Рол, имунолог во Центарот за карцином на Фокс Чејс, исто така во Филаделфија и Сара Колс, семеен лекар и доцент на Медицинскиот колеџ на Универзитетот во Аризона.

Вакцината работи и ако немате несакани ефекти, рече Колс, нагласувајќи дека –многумина имаат несакани ефекти, а многумина немаат.

Отсуството на главоболка или треска не е причина за загриженост, вели Пол Офит, објаснувајќи: –Сигурно не мора да имате несакани ефекти за да знаете дека сте заштитени.

Со други зборови, и двата феномени – стекнување на имунитет и несакани ефекти – се резултат на низа предупредувања во имунитетот по инјекцијата.

Но, само затоа што првичното воспаление успешно го стимулирало производството на антитела и друг вид на одбрана против болеста, не значи дека нужно мора да предизвика треска.

Нема строга корелација помеѓу нив, вели Колс, претседател на Комисијата за јавно здравје и наука на Американската академија за семејни лекари.

И многу други современи вакцини предизвикуваат малку, ако има, несакани ефекти, а сепак работат добро, вели Рал, коавтор на „Принципите на вирусологија“.

Нормално, не гледаме вредни несакани ефекти по вакцинирањето, рече тој.

Дали луѓето ќе имаат несакани ефекти зависи од други фактори освен од нивниот имунолошки систем, а тоа се замор, стрес и начинот на кој ја доживуваат болката, објаснува Колс.