Неопходно е да се воздржите од алкохолни пијалоци неколку дена пред и по вакцинацијата против ковид.
Алкохолот, како што предупредуваат британските експерти, и пренесува Daily Mail, може да го намали имунолошкиот одговор на организмот на вакцината.
Алкохолот го менува составот на милијарди микроорганизми кои живеат во цревата и тие играат значајна улога во спречувањето на инвазијата на бактерии и вируси.
Алкохолот ги оштетува имуните клетки во крвта
Инаку, консумирањето алкохол резултира со оштетување на имуните клетки во крвта, вклучително и лимфоцити, чија главна улога е да го штитат организмот од бактерии, вируси, габи и паразити, како и од туѓи тела кои минуваат низ природните бариери на кожата и мукозните мембрани.