Сигурно сте слушнале дека термички обработена храна е понездрава од сировата.
Поборниците на идејата за сиров живот базиран само на исхрана која не се подготвува на температура повисока од 40 степени тврдат дека термичката обработка на храната ги убива сите добри бактерии и ги намалува хранливите материи.
Сепак ова тврдење е мит.
Топлиот оброк и течен оброк, што значи термички обработен, на повисока температура се смета за еден од главните состојки на менито за здрава исхрана според СЗО.
Храната која е топла и течна многу побргу се преработува и апсорбира целосно во крвта пренесувајќи ги сите хранливи состојки до клетките.
Ладната храна, особено во цврста состојба, одзема многу време на преработка на храната – од варење во устата преку џвакање, до стоплување на храната за понатамошно нејзино преработување.
Подобро е да изедете чинија со супа со варена брокула и морков одошто да подготвите смути со истите замрзнати состојки.
Топлата супа побрзо и скоро целосно се апсорбира во крвта за разлика од смутито кое во голема мера се исфрла во организмот бргу по неговата употреба.
Ладното смути му одзема многу енергија на вашиот организам да го доведе до температура на телото за да почне да го преработува.
Топлата супа која е приближна со температурата на вашето тело, бара помал процес на обработка.