Првиот ден од воведување на полицискиот час измина вчера.

Полицискиот час траеше од 22 до 05 часот.

На терен излезе и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, тој истакна дека мерката не е рестриктивна, но е неопходна.

Министерот најави и прекршочни или кривични пријави за сите кои нема да го почитуваат полицискиот час и повика сите без исклучок доследно да се придржуваат до правилата на ограничување на движењето.

Во меѓувреме скоро сите соседни држави ја зголемија рестрикцијата на мерките за спречување на епидемијата со новиот тип на коронавирус – британскиот тип кој е докажано дека е посмртоносен.

Во Македонија околу 70% од новите заразени се со британскиот тип на коронавирус.

Исто така бројот на нови заразени има тенденција за раст од ден на ден, поради што не се исклучува можноста од доплинтелно зголемување на рестрикциите.