Кинексиот произведувач Канди на американскиот пазар ќе има понуда од два електрични модели- К27 и К23.

Обично кога слушаме за електрични автомобили во САД, помислуваме на моделите од марката Тесла кои чинат и преку 100.000 долари.

Но Канди е доказ дека на американскиот пазар може да се купат и значително поевтини електрични автомобили.

Се очекува електричните автомобили кои се произведени за многу пониска цена од очекуваната цената која ја предлагаат моделите на Илон Маск, да влезат во секојдневна употреба во блиска иднина.

Предноста на електричните автомобили е во тоа што тие ќе го заменат енергетскиот дефицит на „црното злато“ и ќе обезбедат почитување на еколошките стандарди.

Извор: Канал5