Европската Комисија денеска го презентираше новиот закон за слободата на медиуми, чија цел е да се ограничи политичкото влијание и да се заштитат новинарите, јави дописничката на МИА од Брисел.

Комисијата денеска на маса стави низа нови правила за заштита на плурализмот и независноста во медиумите, приватните и државните во ЕУ. Иако овие правила се однесуваат на земјите членки на ЕУ, од земјите кандидати се очекува да ги интегрираат во своите закони и пракси, најави еврокомесарката за транспарентност и вредности на ЕУ, Вера Јурова.

Со новото законодавство треба да се стави крај на политичкото и партиското влијание во медиумите за да можат новинарите да работат слободно, а под лупа е и државното рекламирање.

Земјите членки ќе имаат обврска да ја почитуваат слободата на медиумите и заштитата на изворите, а сопствеништвото ќе мора да биде транспарентно.

Што се однесува до државните и јавните медиуми, нивното финансирање ќе мора да биде соодветно, стабилно, предвидливо и да обезбеди независност.

ИЗВОРФокус
претходниот член,Пронајдени фосилни остатоци од риба која била слична на човекот
Следната статијаКакви се сега симптомите на ковид19?

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде