Според официјалните бројки, бројот на заразени на дневна основа варира. Во последните 24 часа бројот на потврдени случаи во Србија е 3.172, од кои 554 лица се хоспитализирани.

Експертите во неколку наврати не предупредија дека наесен не очекува зголемување на бројот на заразени, но и дека бројките не се доволно сигурен показател. Многумина мислат дека „вирусот сега е благ“ и дека не е страшно ако се заразат, па често се случува да не ги ни препознаат симптомите.

Најчестиот симптом што луѓето го пријавуваат, а што укажува дека сте позитивни на корона вирусот, е болки во грлото. После неа најчести се главоболката, затнат нос и кашлицата. Сепак, високата температура или треската, губењето на мирис или вкус, кои британската национална здравствена служба ги класифицираше како најчести индикатори за вирусот, беа значително поретки симптоми кај новозаразените луѓе.

Според студијата за симптоми на ковид на Зои, најчестите симптоми пријавени од испитаниците се:

  • болки во грлото – 58 проценти
  • главоболка – 49 проценти
  • затнат нос, сува кашлица 40 проценти
  • засипнатост – 35 проценти
  • кивавица – 32 проценти
  • замор – 27 проценти
  • болки во мускулите – 25 проценти
  • вртоглавица – 18 проценти
  • отечен врат – 15 проценти
  • болка во очите – 14 проценти
  • губење на мирис, болка во градите, треска – 13 проценти
    потреси – 12 проценти
  • брз замор и болка во увото – 11 проценти
  • губење на мирис – 10 проценти

Некои студии покажаа дека симптомите се менувале како што напредувала пандемијата. Причината е што вирусот се менувал и мутирал со текот на времето. Во меѓувреме се појавија две подваријанти BA.4 и BA.5 кои забрзано се шират и предизвикуваат зголемување на бројот на заразени лица.