Малта сака да го врати забот на праисторискиот вид ајкула што познатиот британски натуралист и режисер на документарци Дејвид Атенборо го најде во таа островска земја пред неколку децении и неодамна му го подари на британскиот принц Џорџ.

Објавувајќи ја веста за подарокот, Кралската палата Кенсингтон во Лондон во саботата објави дека седумгодишниот принц добил заб од Атенборо за време на приватната проекција на неговиот нов документарец, договорен за членовите на британското кралско семејство, според Ројтерс.

Атенборо го најде забот на мегалодон, истребен вид џиновска ајкула, на Малта за време на летниот одмор, каде што беше со своето семејство кон крајот на 1960-тите.

Забот е пронајден во мек варовник и се верува дека е стар околу 23 милиони години

Министерот за култура на Малта, Хозе Ерера изјави дека забот, како значаен дел од природното наследство на Малта, треба да биде изложен во еден од музеите во таа земја и најави дека ќе покрене иницијатива за враќање на објектот од каде е земен.

Малта беше британска колонија до 1964 година, по што ја доби својата независност.

Извор : Alo rs ;