Кафето освен тоа што е извор на кофеин кој го забрзува крвотокот и ве прави „побудни“ има друга значајна улога ако се пие наутро, пред да го започнете остварувањето на дневните задачи.

Кога луѓето ќе се разбудат наутро тие се наоѓаат во „меѓузона“ на нивната свест и потсвест и бидејќи вашата потсвест останува активна уште некое време, не е добро веднаш да се стартува со дневни активности.

Расонетост значи дека човек веќе се наоѓа во фаза на целосно изострена свест, а проценките на психолозите се дека треба да помине најмалку половина час пред човек целосно да ја поврати својата свест по спиењето.

Кафето е одличен начин да го направиме преминот бидејќи додека го пиеме кафето, ние всушност си даваме време нашата свест „да се поврати“ и да можеме да почнеме нормално да функционираме.

Времето потребно да ја испиете вашата шоља со кафе е еквивалентно на времето потребно да преминете од состојба на потсвесно во состојба на свесно.

Искуството покажува дека луѓето кои почнуваат со работа веднаш по будењето се поинертни и склони кон грешки. Направете мал тест за да си го потврдите тоа.

Веднаш што ќе станете од спиење пробајте да „искуцате“ порака, ќе забележите дека поспоро ќе ви оди и многу се поголеми шансите да се провлече некоја печатна или лексична грешка.

Во секој случај кафето пред работа се препорачува за да си дадете време да се „разбудите“ целосно и тоа времето поминато во пиење на кафе ви помага значително повеќе отколку кофеинскиот состав во кафето.