Епидемиолошката состојба во Франција е алармантна. За еден ден се регистрирани дури 18,748 лица заразени со вирусот корона.
Тоа е апсолутен рекорд не само во Франција, туку и на европскиот континент. За 24 часа, 80 пациенти во болниците починаа од КОВИД19.
Процентот на позитиви продолжи да расте и во однос на бројот на тестирани изнесува над 9 проценти. Во Париз има дури 306 заразени на 100.000 жители.
Охрабрувачки е тоа што во таква ситуација, бројот на пациенти падна од 7.536 на 7.514, а бројот на лица во реанимација од 1.416 на 1.406, што е намалување втор ден по ред, бидејќи во понеделникот имало 1.426 лица на вештачка вентилација.
Извор: Novosti.rs