дома информација вест Франција на колена пред корона вирусот: 19.000 нови заразени во еден ден

Франција на колена пред корона вирусот: 19.000 нови заразени во еден ден

559
0

Епидемиолошката состојба во Франција е алармантна. За еден ден се регистрирани дури 18,748 лица заразени со вирусот корона.

Тоа е апсолутен рекорд не само во Франција, туку и на европскиот континент. За 24 часа, 80 пациенти во болниците починаа од КОВИД19.

Процентот на позитиви продолжи да расте и во однос на бројот на тестирани изнесува над 9 проценти. Во Париз има дури 306 заразени на 100.000 жители.

Охрабрувачки е тоа што во таква ситуација, бројот на пациенти падна од 7.536 на 7.514, а бројот на лица во реанимација од 1.416 на 1.406, што е намалување втор ден по ред, бидејќи во понеделникот имало 1.426 лица на вештачка вентилација.

Извор: Novosti.rs