Луѓето во својата меѓусебна комуникација користат различни средства. Според тоа комуникацијата се дели на вербална и невербална. Но исто така комуникацијата се дели и на – успешна и неуспешна комуникација. Успехот на комуникацијата зависи од употреба на неколку техники. Една од техниките е користење на „јас“ пораки наместо „ти“ пораки.
Со употребата на „јас“ порака, учениците во комуникацијата ја покажуваат својата личност, ставови, желби и мотиви, но и покажуваат свест за себе, емоционална, аналитичка и вербална интелигенција.
Употребата на „ти“ пораките ја фокусира комуникаијата само на еден учесник со што произведува неприроден и подреден однос. Поради подредениот однос често комуникацијата помеѓу луѓе има краток карактер или се сведува на статусен однос, а не на заемна размена.
Еве како да се изразите со „јас“ порака и да ја почувствувате магијата на комуникацијата:
- Ти си недоличен и безобразен
Доколку имате забелешки за нечие однесување кон вас или кон другите тоа може да го изразите на следен начин:
- Мене не ми се допаѓа твојот начин на однесување и јас одбивам да учествувам во таква комуникација
Пример 2:
- Тебе ќе ти се потсмеваат за твојот говор
Сменете го со:
- Загрижен сум дека твојот говор нема да наиде на посакуваните твои впечатоци кај публиката
Пример 3:
- Ти кажав да не го правиш тоа 100 пати
Сменете го со:
- Навистина сум разочаран што и покрај толку барања да не го правиш тоа, ти повторно го направи.