Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изјави дека светот не успеал да соработува во борбата против пандемијата на КОВИД-19.
Како што рече, корона вирусот во моментот е закана број еден во светот.
Пред Генералното собрание на ОН, Гутереш неуспехот на меѓународната заедница го препиша на недостатокот од глобална подготвеност, соработка и солидарност, пренесува „Асошиетед прес“.
Генералниот секретар на ОН посочи дека повеќе од 30 милиони луѓе досега се заразиле од коронавирус во светот и дека речиси милион пациенти им подлегнале на последиците од болеста.
Воедно, предупреди дека вирусот сè уште не е ставен под контрола.
Извор: Нова Македонија